Деветтата „рунда“ во Првата македонска кошаркарска лига носи неколку интересни натпревари. По неа може да има дури и промена на позициите на табелата, посебно кога станува збор за групата „Б“.
Утревечер во Велес, екипата на Борец баскет во дербито од оваа конкуренција го пречекува водечкиот тим на Струмица ФМП. Велешани се во низа од пет победи и заостануваат само една зад струмичани. Затоа натпреварот што ќе се игра во салата „Гемиџии“ утревечер од 20 часот, го носи приматот дери. Со евентуална победа, Борец би се изедначил со Струмица ФМП, на делба на првата позиција на табелата.
Исходот од натпреварот во Велес, ќе го чекаат и кошаркарите на Соколи 1933 (идентичен ефект како и Борец), кои во овој круг важат за фаворити против кавадаречки Спортисимо.
Интересно треба да биде и во Свети Николе, во недела. Таму Овче Поле (3-4) ја го пречекува Бутел (4-2), во дуелот на екипите кои се борат за четвртатата позиција и пласман во вториот круг од натпреварувањето.
Во „А“ групата, денеска ќе се игра еден натпревар во Скопје, а дербито на колото е утре. Во него екипата на Вардар која досега има перфектен учинок 7 победи на исто толку натпревари, му гостува на Водно Санс.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 9 КОЛО
„А“ ГРУПА
Сабота
МЛАДИНЕЦ – ОХРИД 13.00 ч.
Недела
МЕГА БАСКЕТ – ТЕТЕКС 19.00
ВОДНО САНС – ВАРДАР 20.30
слободен Црн дрим
ТАБЕЛА: Вардар 7-0 (победи-порази), Мега баскет 6-1, Водно санс 4-3, Охрид 4-3…
„Б“ ГРУПА
Недела
ОВЧЕ ПОЛЕ – БУТЕЛ 19.30 ч.
БОРЕЦ БАСКЕТ – СТРУМИЦА ФМП 20.00
СПОРТИСИМО – СОКОЛИ 20.00
Слободен Ролинг
ТАБЕЛА: Струмица ФМП 6-1 (победи-порази), Соколи 5-2, Борец баскет 5-2,
Овче Поле 3-4, Бутел 4-2…



































