Последниот македонска претставник на европската одбојкарска сцена, УГД Штип е пред елиминација.
Штипјани во првиот меч од 1/16-финалето на Челенџ купот се уедливо поразени од италијанскиот тим на Милано.
Во натпреварот одигран вечерва во Радовиш, екипата на Милано ја оправда фаворитската улога и лесно со 0:3 во сетови го дои мечот.
Во ниту еден момент победата на Милано не беше доведена во прашање. Гостите го добија првиот сет препуштајќи им на штипјани само 14 поени во првиот сет. Иако вториот македонската екипа го почна со три врзани поени, сепак во продолжението, до крајот, освои само вкупно 14. Во последниот трет сет, освојувачот на Купот на Македонија, УГД Штип освои најмногу 20 поени, но и тој сет му припадна на противникот.
Јасно е дека возвратниот меч што ќе се игра во Италија ќе биде само формалност по која УГД Штип ќе ја заврши својата дебитантска сезона на европската сцена. Реваншот ќе се игра на 6 јануари 2026.





































