Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар ја впиша четвртата победа во Европската лига. Во натпревар од 5.коло групната фаза вардарци вечерва на гостување во Хрватска славеа против Сесвете со 24-38.

Уште од самиот старт на натпреварот вардарци тргнаа силовито и веќе во 13 минута имаа седум голови предност. Доминацијата во првиот дел вардарци ја потврдија и со двоцифрена разлика кој е најмногу изнесуваше 11 голови 11-22. На паузата меѓу двете полувремења, македонскиот тим замина до голема предност од 12-23.

Уште по првиот дел победникот беше решен, па вториот дел избраниците на Чупиќ само рутински го одработија за на крајот до слават со конечни 14 разлика (24-38).

Со оваа победа вардарци не само што го потврдија пласманот во следната рунда. Во неа ќе вкрстат со двете првопласирани екипи од групата е, односно германскиот Мелсунген и португалската Бенфика. Тие натпревари натпревари на програмата се во февруари месец следната година.

Во последното коло Вардар на домашен терен во Скопје го пречекува последнопластираниот тим на Тулуз. Тој натпревар ќе се игра на 2 декември.

Следете нé на социјалните мрежи