Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва ќе го игра осмиот натпревар во Лигата на шампоните.

Како и пред пред осум дена, така и вечерва противник на Е.Пелистер ќе биде тимот на ПИК Сегед, но овојпат на дуелот во Унгарија.

Победата на мечот во Битола 25-24, секако ќе биде дополнителен мотив за зелено-белите и на денешниот меч. Задачата сигурно ќе биде многу потешка бидејќи противникот веќе покажа како може да се врати од пет гола негатива.

„Очекувам противникот да има посериозен пристап на овој натпревар. Тие беа изненадени на начинот на кој ние одигравме на првиот меч. Сега сигурно ќе бидат многу поподготвени, но и ние го правиме истото.

Неможе во играта многу да се смени за само седум-осум дена. Ние сигурно нема да излеземе на натпреварот со бело знаме“, изјави Абутовиќ.

Ова е еден од клучните натпревари за конечниот поредок на табелата и екипите кои ќе продолжат во следната рунда.

Сегед, ПСЖ и ГОГ Гудме досега имаат по три победи, а пелистерци една помалку. Триумф и освојувањето на двата бода ќе ги задржат шансите на битолчани за пласман во нокаут фазата.

Дали ќе успеат во тоа останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 18.45 часот, а може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи