Единствениот женски претставник на Македонија, кој остана на европската одбојкарска сцена е шампионот Јанта Волеј. Тимот од скопска Кисела Вода, откако го заврши настапот во Лигата на шампионите, ќе продолжи со натпреварување во ЦЕВ купот.

Одбојкарките на Јанта волеј во 1/16 финалето од ЦЕВ купот ќе се соочат со хрватски Младост Загреб.

Првиот натпревар Јанта Волеј го игра на домашен терен, на 26 ноември од 20 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Реваншот се игра една недела подоцна, односно на 3 декември (20 часот) во Загреб.

Победникот од овој двомеч ќе презими во Европа и ќе обезбеди пласман во осминафиналето ЦЕВ купот. Таму за противник ќе го добие подобриот од дуелите меѓу полска Моја Радомка и чешкиот тим Оломук.

Следете нé на социјалните мрежи