Ракометарите на Вардар вечерва пред својата публика во „Јане Сандански“ ќе го играат четвртиот натпревар во Европската лига.

Вардарци се домаќини на шведскиот Кристијанштад, тим од кој пред седум дена загубија со гол разлика 31-32. Тогаш макеоднскиот вицепрвак пропушти шанса со победа да ги обезбеди место за во следната фаза од натпреварувањето. Сега ситуацијата на табелата е покомплицирани, бидејќи во игра е и хрватскиот тим Сесвете. Затоа вардарци денеска мораат да победат, тоа му е јасно и на младиот голманот Васил Гогов, кој порача дека тимот е решен да ги го врати првото место.

„Во Шведска направивме многу пропусти. Овие денови работевме да ги сведеме на минимум. Ќе дадеме максимум за да се вратиме на првото место во групата“, потенцира Гогов.

Кристијанштад е прв во Е групата со 5 вода, а Вардар втор со 4. На третата позиција се хрватскиот Сесцете со 3, додека францускиот Тулуз нема освоено ниту еден бод.

Натпревар Вардар – Кристијанштад што ќе почне во 18.45 часот, може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.

 

Следете нé на социјалните мрежи