Дерби натпреварот дерби натпреварот од шестото коло на машката кошаркарска Супер лига се одигра вечерва во Битола. Во него шампионот МЗТ Скопје Аеродром славеше против домаќинот Пелистер со 72-67.

Првото полувреме мина во израмнета игра. Најголемата предност ја имаше домаќинот од шест поени, но на пауза Пелистер замина со +3 (32-29). И во третиот квартал си играше израмнет. Во еден миг сино-белите од Аеродром беа оние кои имаа четири поени предност и тоа во неколку наврати. Сепак, во последниот квартал, влегоа со +2 (49-51). Стартот на последната четвртина во која аеродромци направија серија од 14-3, се покажа како решавачка. Имаше МЗТ најголеми 13 поени предности, но во финишот таа разлика се стопи. На крајот МЗТ Скопје славеше со +5 (67-72).

Прв стрелец во победничката екипа беше Американецот, Меккаден со 20, а неговиот сонародник Гоил оствари дабл-дабл со 17 поени и 11 скокови. Кај Пелистер, 17 поени постигна Стаиќ, а еден помалку Малешевиќ.

Oва беше првиот пораз на битолскиот клуб кој досега има остварено пет победи. МЗТ има ист „скор“ како и екипата на Куманово кој а е на третата позиција. Единствен тим кој досега има максимален учинок од шест триумфи е составот на ТФТ. А, токму во следното коло ќе си игра и дербито меѓу МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ.