Оодбојкарките на Работнички го завршија својот настап на европската сцена. Иако вечерва тие забележаа победа на гостувањето во Естонија кај екипата на Рае Спортдикол, сепак тоа не беше доволно да се мине во следната рунда на ЦЕВ Челенџ купот.
Откако вчера беа поразени со 0:3 во сетови, вечерва одбојкарките на Работнички славеа во пет сета (3:2).
Првиот го добија со 25-19, но следните два ги загубија со 20-25 и 14-25. Желбата за надигрување и докажување дека имаат капацитет, одбојкарите на Работнички ја докажаа во следните два сета. Четвртиот го добија со 25-22, во тај-брејкот, односно петтиот сет беа подобри со убедливи 15-5.
Сепак тоа не беше доволно скопскиот тим да мине во следната фаза од натпреварувањето. Сега на одбојкарките на Работнички им останува да се посветат на обврските на домашната сцена, односно првенството и Куп натпреварите.





































