Со двата натпревари што ќе се играат попладнево, ќе стартува десеттата рунда во машката ракометна Супер лига. Денеска на теренот ќе истрчаат двете првопласирани екипи на табелата Вардар и Алкалоид.

Лидерот Вардар кој досега има максимален учинок на девет триумфи ќе гостува кај составот на Пролет. Црвено-црните важат за апсолутен фаворит на овој меч, како и Алкалоид кој на домашен терен ја пречекува Струга. Составот од Автокоманда заостанува два вода зад вардарци, а има еден повеќе од шампионот Еурофарм пелистер.

Пелистерци својот меч од оваа рунда на гости кај Прилеп ќе го играат утре, за кога се закажани уште два натпревари. колото ќе биде комплетирано во среда.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 10.КОЛО

04.11.2025 ВТОРНИК
18:00 РК ПРОЛЕТ 62 – РК ВАРДАР
18:00 РК АЛКАЛОИД – РК СТРУГА
05.11.2025 СРЕДА
18:45 РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – ГРК ОХРИД
19:00 РК ПРИЛЕП – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
20:00 МРК КУМАНОВО – ГРК ТИКВЕШ
06.11.2025 ЧЕТВРТОК
17:30 РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК РАДОВИШ