Актуелниот шампион во најсилната машка одбојкарска лига, Струмица имаше
сигурен старт на новата сезона. Струмичани започнаа со победа од 3:0 на гостувањето кај Лирија, во рамките од второто коло. Поради обврските во ЦЕВ Лигата на шампионите ова беше првиот натпревар, откако оној од 1.коло со Јанта Волеј беше одложен.

Вториот викенд кај мажите не донесе изненадувања, односно Штип УГД ја потврди
фаворитската улога против дебитантот Скопје. Сушево со максимален резултат ја совлада
Македонија Џио во регионалното дерби. Шкендија во три сета се радуваше над
Весна Пробиштип пред својата публика. Дуелот од ова коло кој го носеше епитетот дерби
се одигра уште во четвртокот и заврши со 3:0 победа на Работнички 71&22 над Борец.

Последниот дуел од втората рунда меѓу Јанта Волеј и Универзитет во Тетово е одложен и
ќе добие дополнителен термин за одигрување.

Следете нé на социјалните мрежи

ПРВА ЛИГА МАЖИ, 2. КОЛО

РАБОТНИЧКИ 71&22 – ГОК БОРЕЦ 3:0 (25:13, 25:22, 25:20)
СКОПЈЕ – ШТИП УГД 0:3 (7:25, 9:25, 14:25)
МАКЕДОНИЈА ЏИО – СУШЕВО 0:3 (21:25, 15:25, 22:25)
ШКЕНДИЈА – ВЕСНА ПРОБИШТИП 3:0 (25:21, 25:13, 28:26)
ЛИРИЈА – СТРУМИЦА 47&72 0:3 (22:25, 23:25, 16:25)
ЈАНТА ВОЛЕЈ – УНИ. ВО ТЕТОВО одложена