Македонскиот женски одбојкарки првак Јанта Волеј КВ успешно ја мина првата пречка во Лигата на шампионите. Европската авантура тимот од скопска Кисела Вода ја продолжува на почетокот на следниот месец.
Во рамките од 3.коло од квалификациите за елитното клупско натпреварување Јанта волеј за противник го има францускиот претставник Волеро Ле Кане.
Клубот од Кисела Вода објави дека првиот меч ќе го игра на домашен терен. Дуелот е закажан за среда (4 ноември) во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток од 18 часот.
Како и против Гацко во мечот во Скопје, тимот на Јанта волеј реши вратите на „Јане Сандански“ да видат ширум отворени. Тоа значи дека Јанта волеј ќе имаат голема поддршка од своите симпатизери, но и од сите љубители на одбојката.
Реванш дуелот во Франција ќе се игра на 13 ноември.


































