Одбојкарките на Јанта Волеј имаат деби од соништата во најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионките.
Тие успешно ја минаа првата пречка во квалификациите совладувајќи го на два пати шампионот на Босна и Херцеговина тимот на Гацко.
Откако во Скопје го победија во пет сета, и денеска одбојкарките на Јанта волеј славеа со 3:2 на гостувањето во Требиње.
Натпреварот исполнет со пресврти, тактичко надмудрување и неизвесност до последниот поен. Сетовите завршија со резултати 26:24, 21:25, 19:25, 25:18 и 15:13.
Најистакната во редовите на Јанта Волеј беше Мери Бошковска со 17 освоени поени. Неа ја следеа Јасмин Ледесма и Татјана Јаневиќ со по 12, додека Ана Старчевиќ освои 11 поени.
Тимот покажа зрелост и борбеност, особено во четвртиот и петтиот сет, кога успеа да се врати од негатива и да го затвори натпреварот во своја корист.
Со оваа победа, Јанта Волеј се пласира во третата квалификациска рунда, каде ќе се соочи со францускиот Волеро ле Кане. Првиот натпревар е закажан за 13 ноември на гостински терен, а македонскиот претставник ќе има нова шанса да го потврди својот квалитет на европската сцена.




































