Две женски македонски екипи денеска ќе имаат настап на европската одбојкарска женска сцена.

Македонскиот првак тимот на Јанта волеј ќе го игра реванш натпреварот од квалификациите за лигата на шампионките. Тимот Кисела Вода ќе гостува во Трбње, кај шампионот на БиХ екипата на Гацко.

Одбојкарките на Јанта волеј во првиот меч на домашен терен славеа победа во пет сета (3:2). Избраничките на Јаневиќ одиграа фантастичен натпревар и покажаа дека можат против квалитетниот противник. Доколку денеска ја повтора ќе играте од првиот меч тие ќе може да се надеваат на пласманот во следната рунда.

Струмичката екипа на Наковски волеј пак ќе гостува во Чешка. Во првиот меѓусебен дуел против екипата на Острова во ЦЕВ Челенџ купот, Наковски волеј ќе се обиде да оствари поволен резултат пред реванш мечот во Струмица на ноември.

Двата денешни настапи на македонските екипи ќе се играат во терминот од 18 часот.

Следете нé на социјалните мрежи