Македонскиот вицепрвак тимот на ТФТ попладнево ќе го има вториот натпревар во регионалната кошаркарска АБА2 лига.
Тимот од скопската населба Тафталиџе ќе биде домаќин на новосадска Војводина. Двете екипи сезоната ја отворија со победи. ТФТ славеше на гостувањето кај Раднички, а Војводина го надигра Приморје.
Новосадската екипа ќе биде голем предизвик за избраниците на тренерот Боро Смилковски кој очекува неизвесен и „тврд“ натпревар.
„Посебен момент за нас, за прв пат АБА натпревар пред својата публика и тоа против Војводина екипа која сигурно е еден од фаворитите за најдобар пласман во лигата.
Целата подготовка за ваков натпревар е нималку едноставна, секој комплимент за нивната игра и водството на тренерот Димитријевиќ, екипа кој игра модерна, несебична кошарка во сериозен ритам и трчање со доста искусни и квалитетни играчи за овој ново.
Нашата шанса ја гледаме во енергетски пристап и агресивна одбрана што би довело да играме повеќе во транзиција и да се натпреваруваме со нив на отворен терен. Верувам дека ќе презентираме добра и модерна кошарка, да пробаме да го одбраниме домашниот терен“, изјави тренерот Смилковски.
Натпреварот меѓу ТФТ и Војводина ќе се игра во СЦ „Кале“ од 18 часот, а ќе може да ГО ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































