Македонскиот одбојкарски првак тимот на Струмица денеска ќе го игра вториот натпревар во Лигата на шампионите.

Струмичани гостуваат во Букурешт кај екипата на Динамо која е апсолутен фаворит во овој дуел.
Впрочем, романскиот тим тоа го потврди и на првиот меч одигран во Скопје што го доби со 3-0 во сетови.

Струмичани на денешното гостување ќе се обидат да освојат што е можно повеќе поени, па можеби и сет. Тоа ќе биде непроценливо искуство за младите одбојкари кои ќе имаат и нов настап на европската сцена.

Имено, Струмица ќе продолжи во 1.коло од ЦЕВ купот, а за противник ќе го има тимот на Јухострој Чешке Будејовице од Чешка.

Овој двомеч би се игра во периодот од 11/13 ноември (дома), односно 18/20 ноември (на гости).

Следете нé на социјалните мрежи