Македонскиот одбојкарски првак тимот на Струмица го заврши настапот во Лигата на шампионите.

Струмичани на гостувањето во Букурешт кај Динамо се поразени и во реванш квалификацискиот дуел за елитното натпреварување. Романската екипа ја потврди улогата на апсолутен фаворит, па по скопските 3:0 во сетови и вечерва славеше со ист резултат. Динамо го доби мечот по сетови со 25-17, 25-17 и 25-13.

Иако се елиминирани од Лигата на шампионите, одбојкарите на Струмица сепак остануваат на европската сцена.

Тие ќе продолжат во 1.коло од ЦЕВ купот, а за противник ќе го има тимот на Јихострој Чешке Будејовице од Чешка. Во првиот меч, на 12 ноември, Струмица игра на гостински терен, а реваншот на домашен ќе го игра на 19 ноември).

Следете нé на социјалните мрежи