Во машката ракометна Супер лига денеска ќе се одиграат пет натпревари од деветтото коло.
Оваа рунда вчера ја отворија Охрид и Куманово дуел во кој домаќините славеа со убедливи 20 голови разлика. Со овој триумф Охрид се проби на 4.место на табелата, зад водечката тројка, која денеска ќе игра пред својата публика.
Први на теренот ќе истрчаат шампионите ракометарите на Еурофарм пелистер во дуелот со Радовиш. Во Автокоманда, тимот на Алкалоид ќе го пречека вториот состав на пелистерци. Еден час подоцна лидерот на табелата Вардар во дуелот со Бутел ќе се обиде да остане перфектен.
Вардарци досега имаат осум победи на исто толку натпревари (16 бода), а по нив следуваат Алкалоид 14, Еурофарм пелистер и Охрид по 13 и Бутел 11 бода.
По ова коло, ќе следува репрезентативна пауза за ЕХФ неделата. Во неа најдобрата машка селекција на Македонија ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Јапонија во Куманово на 30 октомври и 1 ноември.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 9 КОЛО
Сабота
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РАДОВИШ 12:00
СТРУГА – ПРОЛЕТ 62 17:30
АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 18:00
ВАРДАР – БУТЕЛ 19:00
ТИКВЕШ – ПРИЛЕП 19:30
вчера
ОХРИД – КУМАНОВО 37-17



































