Шестото коло од женските ракометни Супер и Прва лига носи низа возбудливи натпревари низ Македонија.

Од Супер лигата, дербито на колото ќе се одигра вечерва меѓу екипите на Чаир и Куманово, со почеток во 20:00 часот во салата „7-ми Март“.

Вториот натпревар за денес ќе го одиграат Ѓорче Петров и Вардар, каде вардарки ќе гостуваат во салата „Христо Батанџиев“ од 17:30 часот.

Утрешниот ден е резервиран за уште три дуели. Од Супер лигата, Астибо во Штип од 12:00 часот ќе го пречека тимот на Металург Автокоманда. Во Битола, од 16:30 часот, Пелистер ќе биде домаќин на Спартак.

Последниот натпревар од ова коло е од Првата лига, во Прилеп од 18:00 часот ќе се соочат екипите на Деспина и Стружанка.

Претходно, во Првата лига се одиграа уште два натпревари. Екипата на Атлетик со одлична игра убедливо ја совлада Јехона со 41:8. Уште поубедлив беше Ѓорче Петров МРК кој славеше над Шампион со високи 56:5.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи