Со два натпревари, што ќе се играат попладнево, ќе се комплетира 3.коло во Супер машката кошаркарска лигата.
Настапите на МЗТ Скопје и Пелистер во АБА2 лигата и ФИВА Европа купот, принудно го поместија распоредот за аеродромци и битолчани.
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром му гостува на повратникот во оваа конкуренција тимот на Ангели, во мечот што ќе се игра во Кисела Вода. Овој натпревар ќе почне од 18 часот.
Еден час подоцна (19) во Битола, кошаркарите на Пелистер го пречекуваат новајлијата Маџари.
Се освен победи на МЗТ и Пелистер кои веќе имаат по две во првенството, ќе биде големо изненадување.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 3 КОЛО
Петок
АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ А. 18:00 часот
ПЕЛИСТЕР – МАЏАРИ 19:00 часот
одиграно
Четврток КУМАНОВО – ФЕНИКС 99-81
ЧАИР – ТФТ 64-82
КОЖУВ – ГОСТИВАР 73-79
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 90-82



























