Деби од соништата имаат македонските шампионки, одбојкарките на Јанта волеј кои со триумф го полнаа настапот на европската сцена.
Во мечот од првата рунда, тимот на Јанта волеј пред својата публика ја совлада босанската екипа Гацко 3:2 во сетови.
На мечот одигран во СЦ „Јане Сандански“ одбојкарките на Јанта покажаа голем карактер и борбеност. Иако гостинките од Босна го отворија натпреварот со четири поени, македонскиот шампон брзо ја анулира негативата. Имаше Јанта и девет поени предност, а сето го доби со 25-21.
Вториот сет им припадна на гостинките со ист резултат 21-25, а во третиот се водеше голема борба. По 15-15, македонската екипа се одлепи со пет поени во низа кои се покажаа како решавачки. Јанта волеј го доби сетот со 25-22 и водство со 2:1.
Во четвртиот сет, повторно голема борба. Гостинките имаа и шест поени предност 12-18, но Јанта волеј успеа да се врати во игра и да израмни на 18-18. Но не успеаја избраничките на Јаневиќ докрај да направат пресврт па гостинките го добија сетот со 20-25 и израмнија на 2:2.
Во решавачкиот петти сет иако гостинките отворија со три поени во низа одбојкарките на Јанта го покажаа својот победнички карактер. Го свртеа резултатот во своја полза го добија сетот со 18&16 а мечот со 3:2.
Реваншот во Требње на програмата е за седум дена на 29 октомври.



























