Македонскиот одбојкарски првак Струмица е поразен во првиот меч од Лигата на шампионите со Динамо Букурешт.
На натпреварот одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, романскиот првак ја потврди фаворитската улога и славеше во три сетови.
Струмичани беа рамноправни на стартот на мечот се до 4-4, која противникот направи серија од 1-5 и се одлепи. Романската екипа искусно знаеше како да ја сочува таа предност и да го добие сетот со 18-25.
Речиси по ист терк минаа и следните два сета. И во нив гостинскиот тим потврди зошто ја има улогата на голем фаворит, Ги доби сетовите со 20-25 и 19-25, а мечот со максимални 3:0.
Реванш натпреварот во Букурешт ќе се игра следната недела (29 октомври).
Инаку вечерва во „Јане Сандански“ својот прв настап во елитното натпреварување ќе го имаат и одбојкарките на Јанта волej.
Тие од 20 часот ќе го играат мечот против босанскиот тим Гацко, а влезот во салата е слободен.


































