Фудбалските екипи се враќаат на терените со дуелите во националниот Куп. Денеска на програмата се четири натпревари од осминафиналната рунда.
Најинтересно се очекува да биде во Куманово каде Башкими го пречекува Силекс. Кумановската екипи пред нешто повеќе од еден месец славеше над Силекс, со што ја прекина низата победи на кратовци, кои потоа имаа уште три порази на четири натпревари.
Дуел на прволигашките екипи ќе има и во Ѓорче Петров каде Македонија ќе ја пречека екипата на Струга Трим Лум. Во Автокоманда, Работнички ќе биде домаќин на штипска Брегалница. Битолски Пелистер ќе го чека тешко гостување кај арачиновска Шкендија.
Сите натпревари ќе полнат во терминот од 14 часот, како и утрешниот на теренот на ФФМ во кој бранителот на трофејот Вардар е домаќин на Новаци.
Последниот патник во четвртфиналето ќе го дознаеме дури на 19 ноември за кога е закажан дуелот меѓу шампионот Шкендија и Тиквеш. Пласман во четвртфиналето веќе обезбедија екипите на Охрид и Детонит Плачковица.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/8 финале
21 октомври – вторник
БАШКИМИ – СИЛЕКС 14 часот
МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 14 часот
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА Арачиново – ПЕЛИСТЕР
22 октомври – среда
ВАРДАР – НОВАЦИ 14 часот
19 ноември
ШКЕНДИЈА Тетово – ТИКВЕШ 13 часот
веќе одиграно
ОХРИД ЛИХНИДОС – ШКУПИ 3-0
БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 0-1
- се игра еден натпревар




































