Македонскиот одбојкарски првак Струмица и оваа сезона ќе игра во квалификации за ЦЕВ Лига на шампионите.

Струмица во првото квалификациско коло за противник го добија романскиот тим на Динамо од Букурешт. Првиот меч ќе се игра во Струмица во периодот меѓу 21 октомври, а реваншот е седум дена подоцна на 29 октомври.

„ Четврта година во низа Струмица е дел од најквалитетното европско натпреварување, но оваа година со поскромни амбиции со оглед на тоа дека добивме еден квалитетен ривал како Динамо Букурешт.

Резултатот за нас не е во прв план, затоа што оваа сезона имаме подмладен тим и во прв план е да им се даде шанса на помладите играчи да собираат искуство.

Секако дека со поддршката на поискусните ќе се обидеме да понудиме квалитетен и достоен отпор, па зошто да не освоиме и сет“, потенцира капитенот  Ефтим Ричлиев. . 

Поразениот тим, ќе продолжи во 1.коло од ЦЕВ купот, а за противник ќе го има тимот на Јухострој Чешке Будејовице од Чешка. Овој двомеч би се игра во периодот од 11/13 ноември (дома), односно 18/20 ноември (на гости).

Утрешниот меч меѓу Струмица и Динамо Букурешт што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне од 17 часот. 

Следете нé на социјалните мрежи