Со натпреварот одигран попладнево во Битола, во кој Пелистер славеше над Ускана комплетирано е 2.коло во Првата женска лига.

Засилениот состав на Пелистер волеј ја оправда фаворитската улога и во три сета (3:0) славеше над Ускана волеј.

Првиот триумф на домашните одбојкарки во ниту еден момент не беше доведен во прашање. Најголем отпор гостинската екипа пружи во првиот сет во кој освои 18 поени. Во вториот и третиот пелистерки на противничките им препуштија 13 односно 12 поени (25-18, 25-13 и 25-12).

Така во оваа рунда, сите фаворити ги оправдаа улогите и славеа победи.

Следете нé на социјалните мрежи

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 2 КОЛО

ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – УСКАНА ВОЛЕЈ 3-0
ВАРДАР ЕМ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ 0-3
ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ – СТРУМИЦА 3-1
ФИТ ФАН ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ 0-3
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – МЛАДОСТ УГД 3-0