Во женското одбојкарско првенство се играат дуелите од второто коло во новата сезона.

Бранителот на шампионскиот трофеј, тимот на Јанта волеј за оствари и втората победа. Откако славеше на гостувањето во Битола кај Пелистер со 1:3, денеска Јанта волеј со ист резултат (3:1) ја победи Струмица.

Овојпат шампионот мечот го играше на домашен терен во Кисела Вода. Иако првиот сет гостинските одбојкарки го добија со 23-25, следните три им припаднаа на домашните одбојкарки. Јанта волеј во вториот сет на противникот му препушти 17, во третиот 18, а по последниот 16 поени (25-17, 25-18 и 25-16).

Овој меч беше последен тест за Јанта волеј пред настапот во ЦЕВ Лигата на шампионките.

Имено макеоднскиот првак веќе во среда во Скопје ќе го игра првиот меч против бостанскиот претставник Гацко. Тој меч ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 20.30 часот. Реваншот во Требње на програмата е седум дена подоцна (29 октомври – 18 часот).

Следете нé на социјалните мрежи