Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриноски е нов ракометар на ГРК Охрид.

Десниот бек на македонската репрезентација (27 години, 187цм) потпиша на миниум 2 години со ГРК Охрид. Доаѓа од Десау (Германија), а досегашната кариера ја помина во Вардар и Металург.

„Чест ми е што ќе се придружам на колектив како РК Охрид кој има голем напредок и амбиции како клуб. Охрид е македонскиот бисер и е задоволство да се игра за овој дрес и овие навивачи.

Се надевам дека со моите игри ќе придонесам за подобри резултати и исполнување на амбициите на клубот”, изјави Јагуриноски.

Неговото пристигнување претставува значајно засилување за Охрид во борбата за повисок пласман во македонското првенство и на европската сцена во ЕХФ Европскиот Куп.

Следете нé на социјалните мрежи