Македонската репрезентација до 17 години со убедлива победа од 9:0 над Гибралтар, на крајот го освои 2.место во групата 2 и се пласираше во елтината фаза за пласман на ЕП. Ова и благодарение на подобрата гол разлика од Унгарија, која загуби убедливо од Чешка.
Македонија денеска на стадионот во Турново беше доминантна над противникот, даде девет гола, а можеше разликата да биде и двоцифрена.
Серијата почна во 23.минута со првиот гол на тројниот стрелец Папалиски. Веќе 11 минути подоцна во листата на стрелците се запишува и Љачка. До крајот на полувремето уште два гола. Во 41.минута Џангаровски асистира до Михајловски, а во претпоследната минута Митревски сголеми на 4-0.
Во вториот дел, стрелците беа уште порасположени за голови. Во 53.минута Цветковски „собра“ одбиена топка и го зголеми резултатот. Три минути подоцна Џангаровски најдобро се снајде во шеснаесетникот за шести гол во мрежата на Гибралтар. Во 61. минута пенал за Македонија откако голманот Бонфанте стартуваше над Џангаровски. Истиот играч го претвори во погодок. Папалиски го комплетираше „хет-трикот“ во 68.минута кога со удар од 20 метри го совлада противничкиот голман. Последниот гол беше во 89. минута дело на Мамути откако од десетина метри успеа да ги постави конечните 0-9.
Веќе во следната акција Македонија можеше да дојде и до десеттиот гол, меѓутоа не реализираа акција во ситуација двајца осамени на голманот.