Остана само уште еден натпревар да се одигра од 2.коло во машката кошаркарска Супер лига.
Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе биде домаќин на екипата на Феникс.
Двата тима сезоната ја отворија со победи и тоа на домашен терен.
Аеродромци многу потешко од очекуваното го совладаа Маџари во првото коло (77-70). Сино-белите на тој меч покажаа дека сеуште не се воиграни, па благодарение на искуството стигнаа до победата.
Екипата на Феникс со видно изменет состав во однос на претходните сезони, во 1.коло убедливо го победи составот на Ангели (79-62). Препознатливата борбеност и агресивната игра на одбраната е одлика на овој тим. Токму тоа ќе биде адутот на тренерот Дервишевиќ во обидот да се изненади фаворизираниот противник.
Дуелот во „Јане Сандански“ ќе почне од 20 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.
СУПЕР ЛИГА – 2. КОЛО
недела
20.00 МЗТ Скопје Аеродром – Феникс
петок
Пелистер – Чаир 104:74
сабота
Тиквеш – Кожув 70:72
Ангели – Гостивар 86:91
МКК Куманово – Маџари 82:76
ТФТ – Работнички 83:63




































