Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер претрпеа пораз на вечерашниот дуел од 4.коло од Лигата на шампионите. На гостувањето во Плоцк битолчани загубија со 36:25.
Македонскиот првак рамноправен беше во првата половина на првиот и последното водство го имаше со 9:8. На полувреме Висла водеше со 18:14. Во вториот дел домашната екипа го зголемуваше водството кое во финишот беше и двоцифрено.
Дејан Манасков со седум гола, а Павле Атанасијевиќ со четири, беа најефикасните ракометари на македонскиот шампион.
Ова за Еурофарм Пелистер беше трет пораз во групата од Лигата на шампионите.
Следен предизвик за макеоднскиот првак е шпанскиот гигант Барселона тим кој на 15 октомври ќе гостува во Битола.





































