Одбојкарките на Фит Фан волеј го почнуваат својот настап на меѓународна сцена. Од денеска до среда тие ќе играат во БВА Балканскиот клупски куп.
На турнирот што се одржува во Скендерај, Косово, тимот на Фит Фан волеј, за противници ќе ги има домаќинот Дрита, грчки АЕК, и Херцег Нови од Црна Гора.
Она што го прави дополнително атрактивен БВА купот е што победникот на овој турнир обезбедува директно учество во ЦЕВ Челинџ купот. За да дојдат до таа привилегија четирите екипи ќе играат по принципот „секој со секого“.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
Понеделник, 6 октомври
АЕК Атина – Фит Фан волеј 16.30 ч.
Дрита – Херцег Нови 19 ч.
Вторник, 7 октомври
Херцег Нови – АЕК Атина 16.30 ч.
Фит Фан волеј – Дрита 19 ч.
Среда, 8 октомври
Херцег Нови – Фит Фан волеј 16.30 ч.
АЕК Атина – Дрита 19 ч.




































