Македонскиот шампион Шкендија со пораз го почна настапот во групната фаза на Конференциската лига.
Во натпревар од 1.коло, на гостувањето во Мадрид, Шкендија загуби од Рајо Ваљекано со 2-0.
Шпанскиот тим победата ја најави уште во првиот половина час со два брзи гола. Домаќините поведоа со 1-0 во 28.минута преку Лопез, а само четири минути подоцна (32) Перез зголеми на 2-0.
Таквата предност донесе дополнителна сигурност во играта на домаќините па тетовци едноставно не можеа да покажат ништо повече.
Во следното 2.коло макеоднскиот првак повторно ќе игра на домашен терен, во Скопје против ирската екипа Шелбурн на 23 октомври.