Македонскиот шампион тетовска Шкендија денеска го почнува настапот во Конференциската лига.

За клубот под Шара ова ова е историско прво учество во групната фаза на едно УЕФА натпреварување, до која единствено уште Вардар има стигнато. 

Тетовци ги чекаат шест натпревари, по три на гостински и домашен терен. Првиот предизвик денеска е шпанскиот тим на Рајо Раљекано и тоа на гости во Мадрид. 

„Ќе излеземе на терен и ќе го дадеме најдоброто од себе. Подобриот не победува секогаш во фудбалот“, изјави капитенот Бесарт Ибраими.

Јасно е дека задачата нема да биде ни малку лесна, во дуелот со тимот кој има искуство на еврпопската сцена, вели и тренерот Јатон Беќири.

„Играме против екипа од еден многу респектиран шампионат. Досега не сме се соочиле со тимови од вакво ниво, од Примера, која според мене е најсилна лига во светот. За нас е важно да играме добро, да се обидеме да го дадеме максимумот“, изјави Беќири. 

Дуелот Рајо Ваљекано – Шкендија што ќе почне од 18.45 часот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3. 

Следете нé на социјалните мрежи