Во дербито од третото коло на женската Супер лига, ракометарките на Чаир приредија вистинско изненадување совладувајќи го актуелниот шампион Ѓорче Петров со 28:26.
Натпреварот започна со минимално водство за домашните (2:1), но гостинките брзо возвратија и израмнија на 2:2. До 15-тата минута се играше израмнето, кога Чаир првпат се одлепи на +2 (7:5). Сепак, предноста не траеше долго бидејќи Ѓорче успеа да израмни на 8:8. До крајот на полувремето двете екипи играа гол за гол, а на паузата Чаир имаше минимална предност од 14:13.
На почетокот од второто полувреме повторно се водеше рамноправна игра. Во 35-тата минута Чаир повторно стигна до предност од два гола (17:15) и во следните десетина минути успеваше да ја одржува таа разлика. Ѓорче во неколку наврати се обидуваше да се врати и да израмни, но Чаир не дозволуваше тоа да се случи. Ѓорче не се откажа и во 56-тата минута успеа да израмни на 25:25. По што Чаир возврати веднаш и со серија 3-0 успеа да поведе со 28:25. Крајниот резултат беше 28:26.
Ивона Кимовска