Ако „денот по утрото се познава“ тогаш може да очекуваме супер интересни дуели и денеска во фудбалската Лига на шампиони.

Вчера беше многу ефикасно во првите натпревари од 2.коо во елитното натпреварување. Исто очекуваме да биде и денеска.

На дербито во Барселона ќе фали цел еден тим

Нови девет натпревари ќе се играа попладнево и вечерва, а дербито на вечерта е во Барселона. Таму, каталонскиот гигант го пречекува актуелниот европски првак Париз Сен Жермен.

Двата тима имаат големи проблеми со повредени, па ќе недостасуваат по петмина стандардни фудбалери во двете екипи. Гави, Феран Лопез, Рафиња, Гарсија и Терштеген се играчите кои нема да бидат во составот на Барса. На другата страна, Лус Енике не ќе може да смета на: Дембеле, Квараскелија, Маркињос, Камара и Дуе.

Но, без разлика на отсуството на многумина, двата тима имаат голем фонд на квалитетни играчи па затоа може а очекуваме одличен фудбал. Овој натпревар ќе почне од 21 часот термин во кој ќе стартува и дуелот во Неапол. Таму италијанскиот првак Наполи во чии редови настапува макеоднскиот репрезентативец Ељиф Елмас ќе по пречека Спортинг Лисабон. И на останатите натпревари во овој термин во Лондон, Леверкузен, Дортмунд, па и Монте Карло би требало да биде интересно и ефикасно.

Ако ги пропуштивте головите од вчерашните натпревари, сите може да ги видите овде.

Следете нé на социјалните мрежи

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2.КОЛО

Среда
КАРАБАХ – ФК КОПЕНХАГЕН 18.45 часот
РОЈАЛ УНИОН СГ – ЊУКАСЛ
АРСЕНАЛ – ОЛИМПИЈАКОС 21 часот
БАРСЕЛОНА – ПСЖ
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – ПСВ
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – АТЕТИК БИЛБАО
МОНАКО – МАНЧЕСТЕР СИТИ
НАПОЛИ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН
ВИЉАРЕАЛ – ЈУВЕНТУС