Галатасарај триумфираше против Ливерпул во вечерната програма на Лигата на Шампиони, додека пак Челзи на „тешки маки” дојде до триумф против Бенфика на нивниот Жозе Мурињо.
Ливерпул загуби на жешкото гостување кај Галатасарај. Резултатот на натпреварот беше 1:0 и ова е втор последователен пораз за англискиот шампион. Решавачкиот гол го постигна Виктор Осимен од пенал во 16.та минута.
Екипата на Челзи дојде до тешко извојуван триумф против Бенфика и Жозе Мурињо. Со 1:0 „сините” триумфираа на домашен терен каде во судиското продолжение во вториот дел црвен картон заработи Жоао Педро. Автоголот за победа на Челзи го постигна Ричард Риос во 18.та минута.
Убедливи победи со 5-1 славеа Атлетико Мадрид и минхенски Баер, против Ајнтрахт и кипарскиот Пафос. Гол помалку постигна Олимпик Марсеј кој со 4-о го победи Ајакс.
Интер беше сигурен пред својата публика и со 3-0 ја порази Славија Прага, а Тотенхем одигра само 2-2 на гостувањето кај Бодо Глим.
Потсетување дека во првите два денешни дуели победни славеа Реал Мадрид и Аталанта.
СИТЕ ГОЛОВИ ОД ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ