Три пати по ред кошаркарите на Баскет кам се победници во Суперкупот на Македонија „Драган Василов-Цевка“.
Во недела, од 17.часот, ќе имаат уште една можност, да ја продолжат таа победничка низа, и да имаат уште еден трофеј во колекцијата.
Актер на сите овие успеси несомнено е Сања Адампоска. Искусниот организатор на играта на македонскиот првак очекува максимална мотивираност од сите кои ќе истрчаат во салата на СРЦ „Кале“.
Како голема предност на тимот за кој игра успешно во изминатиот период е постојниот играчки ростер, кој во однос на минатата сезона е скоро непроменет.
„Што се однесува до мечот со Вардар, тоа е Суперкупот, голема наша предност е што останавме со ист ростер во оваа сезона. Со девојките долги години сме заедно во Баскет Кам и единствена промена во тимот е доаѓањето на тренерот, Тони Симиќ и неговиот помошник.
Се подготвивме за овој меч, имавме месец дена за работа, плус еден контролен меч. Имаме уште неколку тренинга до мечот, па ќе видиме што ќе биде во недела. Верувам во екипата, мотивирани сме и спремни, ќе дадеме се од себе пак да го освоиме Суперкупот на Македонија“ – вели Адамоска пред неделната пресметка со Вардар.
Натпреварот Баскет кам – Вардар што ќе се игра утре во СЦ „Кале“ ќе почне од 17 часот.
Влезот во салата е слободен, а натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.