Екипата на Пелистер е единствен претставник на македонската кошарка во ФИБА Лигата на шампионите. Пелистерци ќе настапи на квалификацискиот турнир што ќе се игра во Самоков, Бугарија, почнувајќи од денеска.
За влез во групната фаза на ова натпреварување екипата од Битола ќе треба да оствари три победи.
Италијанскиот прволигаш Реџо Емилија е првиот противник на Пелистер во четвртфиналето. Победа над тимот од Реџина би значела и пласман во полуфиналето на турнирот, каде Пелистер би се сретнал со победникот од дуелот Орадеа (Романија) – Антверп (Белгија). Победникот од овој меч во финалето на турнирот би играл со најдобриот од долниот дел од „костурот“.
Таму силите ќе ги одмерат ПАОК (Грција) – СЦ Дерби (Црна Гора) и Бурса (Турција) – Брауншвајг (Германија).
Само победниците од трите турнирите обезбедуваат учество во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Поразените екипи ќе имаат можност да ја продолжат европската авантура со настап во квалификациите за ФИБА Европскиот куп.
КОШАРКА Лига на шампиони – Квалификации
1/4 финале петок
13:15 ЦСМ ОРАДЕА – АНТВЕРПЕН
15:30 РЕЏИАНА – ПЕЛИСТЕР
17:45 БУРСАСПОР – БРАУНШВАЈГ
20:00 ПАОК – СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР
полуфинале 21.септември (недела)
13.15: Победник 1 (ЦСУ Орадеа/Антверпен – Победник 2 (Реџана/Пелистер) – 1
15.30: Победник 3 (Бурсаспор/Брауншвајг) – Победник 4 (ПАОК/СЦ Дерби) – 2
Финале 23. септември (вторник)
15.30: Победник 1 – Победник 2



































