Фаворитите за највисок пласман сезонава во Лигата на шампионите, со победи ја отворија „кампањата“. ПСЖ, Ливерпул и Баерн на домашен, а Интер на гостински терен славеа триумфи.

Актуелниот шампион Париз Сен Жермен беше најубедлив и со четири гола во мрежата ја испрати Аталанта за Италија. Три гола постигна и минхенски Баерн кој на „Алијанц“ арената го пречека лондонски Челзи. Два гола за Баварците постигна Хари Кејн.

Интересен дуел се одигра на „Енфилд“ каде англискиот првак Ливерпул славеше против Мадридски Атлетико со 3-2. Ливерпул имаше водство од 2-0 по само шест минути игра. Сепак Атлетико преку Љоренте стигна до израмнување. За радост на домаќините се погрижи Ван Дајк со погодокот во втората минута од судиското дополнение (90+2).

Италијанскиот вицешампион Интер славеше на гостувањетово Амстердам каде беше подобар од Ајакс и тоа благодарение на двата гола на Французинот, Турам.

Првата рунда во Лигата на шампионите ќе биде комплетирана утре со нови шест натпревари.

Следете нé на социјалните мрежи

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1. КОЛО

СРЕДА
ПСЖ – АТАЛАНТА 4-0
ЛИВЕРПУЛ – АТЛЕТИКО МАДРИД 3-2
БАЕРН МИНХЕН – ЧЕЛЗИ 3-1
АЈАКС – ИНТЕР 0-2
ОЛИМПИЈАКОС – ПАФОС 0-0
СЛАВИЈА ПРАГА – БОДО ГЛИМТ 2-2