Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов во следната сезона ќе настапува за кувајтски Бурган.
По една година мината во редовите на грчки ПАОК каде соработуваше со селекторот на националниот тим Јошко Миленкоски, Љафтов се одлучи за промена и во новата сезона ќе ги брани боите на кувајтскиот вицешампион.
Тој денеска и официјално имаше претставување во новата средина. Репрезентативецот е веќе во тренажен процес и се адаптира на новите соиграчи.
Љафтов чии матичен клуб е македонскиот првак Струмица, во својата интернационална кариера има настапувано и во Бугарија, Србија, Турција, Италија, Хрватска, Кипар. Блискиот исток не му е непознаница на Љафтов кој играше и во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.





































