Светскиот шампион Германија го комплетира квартетот на полуфиналисти на Европското кошаркарско првенство.

Најубедливата репрезентација на Евробаскетот досега, Германија, го одигра првиот „тесен“ натпревар. Во четвртфиналето Германците имаа многу работа против Словенија, која на крајот ја победија со 99:91.

Лука Дончиќ одигра брилијантен натпревар, постигнувајќи 39 поени, на кои додаде и десет скока и седум асистенции, но тоа не беше доволно Словенија да се пласира во полуфиналето.

Во него Германците за противник ќе ја имаат селекцијата на Финска, најпријатното изненадување на првенството.

Тој натпревар е првиот полуфинален, закажан за в сабота од 16 часот. Во вториот ќе играат Турција и Грција (20 часот).

Следете нé на социјалните мрежи