Репрезентацијата на Финска направи големо изненадување во првата рунда од нокаут фазата на Европското кошаркарско првенство.

Финците предводени од нивната НБА ѕвезда, но пред се тимската и борбена игра, го елиминираа еден од главните фаворити за златото, селекцијата на Србија.

Во последниот денешен осминафинален дуел Финска славеше во дуелот со Србија со 92-86. Јокиќ го доби дуелот со Марканен, но Србија се враќа дома, а Финска е четвртфиналист. Јокиќ натпреварот го заврши со 33 поени и 8 скокови, а Марканен со 29 поени и 8 скокови.

Пoкрај Финска пласман меѓу осумте најдобри изборија и: Турција, Германија и Литванија.

ЕВРОБАСКЕТ 1/8 финале

Сабота, 6 септември
СРБИЈА – ФИНСКА 86:92
ТУРЦИЈА – ШВЕДСКА 85:79
ГЕРМАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 85:58
ЛИТВАНИЈА – ЛЕТОНИЈА 88:79

Противниците на овие селекции ќе ги дознаеме утре по одигрувањето на останатите четири осминафинални дуели:
Недела, 7 септември
11.00 БИХ – ПОЛСКА
14.15 ФРАНЦИЈА – ГРУЗИЈА
17.30 ИТАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА
20.45 ГРЦИЈА – ИЗРАЕЛ