Лука Дончиќ продолжува да испишува историја на ФИБА Евробаскетот, поставувајќи нови стандарди што го доближува до самиот врв на европската кошаркарска митологија.
По спектакуларниот настап против Израел, постигнувајќи 37 поени, капитенот на Словенија се искачи меѓу првите четворица најдобри стрелци на сите времиња на Евробаскетот според просек од 22,5 поени по натпревар.
Со овој подвиг, Дончиќ ги надмина легендарниот Полјак, Мјечислав Млинарски (21,9 поени на 22 натпревари) и германскиот лидер Денис Шродер, кој пред Евробаскет 2025 има просек од 19,4 поени. Шродер останува единствениот друг активен играч во ТОП-5, но Дончиќ бележи значително повисок просек. Воедно треба да се има во предвид дека Словенецот пет и пол години помлад, што дополнително ја засилува неговата доминација.
Ѕвездата на ЛА Лејкерс го брка елитниот трио на европската кошаркарска историја: Никос Галис, Радивој Кораќ и Дражен Петровиќ, имиња кои го дефинираа златното доба на Евробаскетот.
Со секој нов натпревар, Дончиќ не само што ги руши рекордите, туку и ја обликува иднината на европската кошарка. Дали ќе успее да се искачи на самиот врв? Следниот натпревар во осминафиналето против Италија може да даде одговор.
ИГРАЧ | ТИМ | ПОЕНИ просек | Натпревари |
---|---|---|---|
Никос Галис | Грција | 31.2 | 33 |
Радивој Кораќ | Југославија | 24,8 | 34 |
Дражен Петровиќ | Југославија | 23.2 | 26 |
Лука Дончиќ | Словенија | 22,5 | 21 |
Денис Шредер | Германија | 22.1 | 25 |
*Забелешка: Само играчи кои одиграле најмалку 20 натпревари во натпреварувањето се земени предвид на оваа листа, со цел да се добие репрезентативен примерок.