Кошаркарите на Босна и Херцеговина се претпоследниот национален состав кој обезбеди пласман во осминафиналето на Европскиот шампионат.

Во директен дуел од Ц групата Босанците славеа победа над Грузија со 85-76.

Со оваа победа БиХ со обезбеди место меѓу шеснаесетте најдобри на шампионатот. Која ќе биде последната селекција ќе дознаеме вечерва по дуелот меѓу Шпанија и Грција.

Актуелниот европски шампион Шпанија ќе мора да слави победа доколку сака во осминафиналето. Во спротивно пораз за Шпанија ќе значи пласман во нокаут фазата, а тогаш Грузија ќе го пополни списокот на осминафиналисти.