Актуелниот светски шампион Германија ја оствари третата победа на Европското првенство.
Во првото дерби на денот, одиграно во Тампере, Финска, Германците ја совладаа селекција на Литванија со 107-88.
Германците покажаа зошто се еден од главните претенденти за шампионскиот трофеј. Во текот на речиси целиот натпревар (исклучок две водства на Литванија во првата четвртина), го контролираа резултатот.
И на овој натпревар Германците ја минаа границата од 100+ поени, а најмногу постигна Денис Шрудер со 26 поени. Над 20 минаа Франц Вагнер 24 и Даниел Тајс 23 (без промашување од игра 9/9).
Со оваа трета победа Германците уште сега си обезбедија пласман во осминафиналето. За тоа на Литванците ќе им треба уште една победа во наредните два натпревари.
Инаку денеска на Евробаскетот на програмата се вкупно 12 натпревари во четирите групи.



































