Македонскиот првак Шкендија, по елиминациите во Лигата на шампионите и Европската Лига, сезоната ја продолжува во УЕФА Лигата на нации.

Тетовци ќе одиграат најмалку шест натпревари во групната фаза на третото по квалитет клупско натпреварување.

По денешната ждрепка македонските шампион ги дозна противниците против кои ќе игра во текот на есента и зимата.

На трите натпревари во Скопје, тетовци ќе играат против словачкиот Слован Братислава, Јагелонија од полска и ирскиот Шелбурн. ННа гости Шкендија ќе патува во Шпанија кај Рајо Ваљекано, косовската Дрита и на Кипар кај АЕК Ларнака.

Комплетниот распоред ќе биде одреден најдоцна до недела 31 август. Првата од шесте рунди е предвидена за 2 октомври.