Македонскиот шампионот Шкендија попладнево ќе го играат реванш натпреварот против Лудогорец, во последната плеј-оф рунда за Лигата на Европа.

На гостувањето во Бугарија, тетовци отпатува со гол предност, откако првиот меч во Скопје го доби со 2-1.

Избраниците на Јетон Беќири се свесни дека минималната предност не гарантира прогрес понатаму, па најавуваат голема борба во текот на целиот утрешен меч.

„Ќе се обидеме да го одиграме нашиот најдобар натпревар, да го дадеме нашиот максимум, да бидеме многу дисциплинирани во дефанзивниот аспект.

Ќе се обидеме да ги искористиме можностите што ќе ни се укажат бидејќи знаеме дека имаме работа со квалитетен противник, екипа кој може да нè казни во секој момент, ако не сме 100% фокусирани“, изјави тренерот Беќири. 

 

Натпреварот што ќе се игра во Разград ќе почне во терминот од 19.30 часот. Дуелот може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ3.

Следете нé на социјалните мрежи