На стартот на вториот ден на натпревари на Европското кошаркарско првенство го видовме и првото изненадување.

За тоа се погрижија кошаркарите на Грузија кои го надиграа бранителот на шампионскиот трофеј Шпанија.

Дена актуелниот европски првак Шпанија нема тим за висок дострел, се покажа уште во подготвителниот период. Промената на генерацијата која палеше и жареше на светската сцена, си го стори своето.

Шпанците се мачеа текот на целиот натпревар во кој постојано беа во негатива, исклучок 18.минута коа единствено поведоа со поен разлика. Се останато во текот на мечот мина во знакот на Грузијците кои на крајот славеа со 83-69. Инаку репрезентацијата на Грузија на овој шампионат ја предводи Александар Џикиќ, поранешниот селектор на Македонија.

Ова беше првиот меч од 1.коло во Ц групата чии натпревари се играат Лимасол, Кипар. Таму во вечерниот термин ќе се игра и дербито Грција – Италија.

Во Катовице, Полска, се одигра првиот натпревар од Д групата, а во него Израел очекувано го совлада Исланд.

ЕВРОБАСКЕТ 1.КОЛО

Ц група – Лимасол, Кипар
14:00 ГРУЗИЈА – ШПАНИЈА 83-69
17:15 БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – КИПАР
20:30 ГРЦИЈА – ИТАЛИЈА

Д група – Катовице, Полска
14:00 ИЗРАЕЛ – ИСЛАНД 83-71
17:00 БЕЛГИЈА – ФРАНЦИЈА
20:30 СЛОВЕНИЈА – ПОЛСКА

Следете нé на социјалните мрежи