Од денеска па се до 14 септември во Полска, Финска, Кипар и Летонија, ќе се одржува 42-то Европско кошаркарско првенство.
24-те репрезентации поделени во четири групи и во четири различни града ќе стартуваа во првата фаза. Првата цел секако е пласман во осминафиналето во кое место има за четирите најдобри од секоја група. Но, дел од репрезентациите секако размислуваат и за поголема цел, одосно најмалку пласман во финалето и борба за титулата.
ФАВОРИТИ ЗА ТРОФЕЈОТ
Според прикажаното во подготвителниот период, квалитетот на играчкиот кадар и традицијата, неколку селекции се издвојуваат.
Најголеми шанси за шампионскиот трофеј им се даваат на Србите предводени од Никола Јокиќ, Богдановиќ и другите. Тие ќе почнат од Рига во група (А) со домаќинот Летонија, Турција, Португалија, Естонија и Чешка.
Светскиот шампион Германија го има Денис Шредер и Франц Вагнер, но ќе почне без селекторот Алекс Мумбру кој пред два дена беше хоспитализиран. Ривали на Германците во Тампере во Б групата ќе им бидат: домаќинот Финска и Литванија, како и Црна Гора, Шведска и Велика Британија.
Актуелниот европски шампион Шпанија со подмладен тим ќе се обиде да се вмеша во трката за трофејот. Сепак „црвената фурија“ не импресионира во подготвителниот период па ќе биде „ѓаволски“ тешко да ја одбрани „круната“. Шпанците ќе играат во Лимасон во „Ц” групата против: Италија, Грција, БиХ, Грузија и ко-домаќинот Кипар.
Иако има големи промени и во тимот на Франција, сепак „триколорите“ со повеќемина НБА играчи се вбројуваат во ТОП-четирите кандидати за титулата. Нивни ривали во „Д“ групата во Катовице првенствено ќе бидат Словенците предводени од Лука Дончиќ. Тула се и Белгија, Полска, Израел и Исланд.
Во првата групна фаза ќе се играат по шест натпревари во различни термини, а денеска на програмата се дуелите од А и Б групите:
Евробаскет – 1.коло
12:30 Велика Британија – Литванија (Б група)
13:45 Чешка – Португалија (А група)
15:30 Црна Гора – Германија (Б група)
17:00 Латвија – Турција (А група)
19:30 Шведска – Финска (Б група)
20:15 Србија – Естонија (А група)



































