Македонскиот првак Шкендија вечерва го продолжува својот настап на евро-сцената.
По елиминацијата во Лигата на шампионите, тетовци сега ќе се обидат да стигнат до групната фаза во Лигата на Европа.
Пречка за остварување на таа цел ќе биде бугарската екипа Лудогорец, која е противник во последната, плеј-оф рунда.
Иако бугарскиот тим на хартија е фаворит во овој двомеч, сепак од таборот на макеоднскиот првак велат дека Лудогорец ќе мора да го докаже тоа на теренот.
„Знаеме дека Лудогорец е фаворит, но наше е да одиграме најдобро што можеме.
Ќе направиме се за да се претставиме во вистинско светло“, едногласни се од таборот на макеоднскиот шампион.
Шкендија има гарантирано место во Конференциската лига, но тетовци сакаат да играат во повисокиот ранг, Лигата на Европа. Ќе успеат ли во тоа останува да видиме дури по реваншот што ќе се игра за седум дена во Бугарија.
Денешниот, прв натпревар, ќе се игра на стадионот „Тодор Проевски“ со почеток од 20 часот. Дуелот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ директен ТВ пренос на МРТ3.





































