Актуелниот европски првак Париз Сен Жермен со трофеј ја полна новата сезона на европската сцена. ПСЖ триумфираше во УЕФА Супер купот одигран во Удина, совладувајќи го победникот во Лигата на Европа, англискиот Тотенхем.
Натпреварот заврши со резултат од 2:2 и европскиот шампион по пенал „рулетот“ беше поуспешно 4:3.
Натпреварот се отвори во првиот дел кога во 39.та минута Мики Ван де Вен постигна гол за 1:0 за Тотенхем. Во второто полувреме Спурс го дуплираа своето водство кога во 48.та минута Кути Ромеро стрелаше за 2:0.
Потоа на свена стапи Луис Енрике кој ги погоди измените. Двајцата резервисти Канг-Ин Ли и Гончало Рамос ги дадоа головите за израмнување на ПСЖ. Прво Ли стрелаше во 85.та минута, а потоа Рамос во 94.та го однесоа натпреварот на пенали.
На пенал рулетот резултатот беше 4:3 за ПСЖ. ПСЖ промашија само еден пенал во серијата преку Витиња, а додека Тотенхем 3-иот и 4-иот пенал на Ван де Вен и Тел. Победничкиот пенал го постигна Нуно Мендеш.
ПСЖ во својот прв настап во Уефа Суперкупот го освои својот прв трофеј на натпревар кој принуди големи возбудувања и добар старт на новата натпреварувачка сезона.





































